Хотелите во ЕУ во иднина ова нема да го имаат како „сувенир“

ОБЈАВЕНО НА:

Многупати кога претстојувате во хотел, како сивенир или едноставно „да ви се најде дома“ ги земате малите сапунчиња и шампиончиња што се оставаат во купатилата. Вие можеби носите ваш шампион и гел за туширање, но секако послатко е кога заминувате со бесплатен сувенир.

Но, отсега таа практика на оние што ќе престојуваат во хотелите ќе се смени. Комисијата на ЕУ одлучи да им забрани на хотелите да користат мини тоалети.
Причината е борбата против отпадот, а во блиска иднина на хотелите би им било забрането да оставаат мали пакувања со тоалети во бањата, кои многумина ги носат дома како сувенири.

Тоа, се разбира, не значи дека хотелите повеќе нема да им обезбедуваат на гостите шампони и лосиони, туку тие ќе мора да бидат спакувани во пакувања за повеќекратна употреба кои нема да смеат да се носат дома, а што е многу поважно – тоа нема да се фрлаат по секој гостин.
Тој предлог е дел од Зелениот план на ЕУ, со кој заедницата планира да стане „климатски неутрална“ до 2050 година.

Според нивните податоци, секој жител во Европа моментално генерира речиси 180 килограми пластичен отпад годишно, а пакувањето генерално сочинува речиси 40 отсто од целокупниот пластичен и 50 отсто отпад од хартија во Европската унија. Ако ништо не се преземе, се претпоставува дека количината на отпад од пластична амбалажа ќе порасне на 46 проценти до 2030 година.

Овој предлог допрва треба да добие поддршка од Парламентот на ЕУ, пред кој одлуката не може да стапи во сила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK