Овие 10 спортски автомобили најмалку губат на вредноста после 5 години по купувањето

ОБЈАВЕНО НА:

Депрецијацијата на вредноста на автомобилот е од голема важност, особено при куувањето на нов автомобил. Токму паѓањето на вредноста по купувањето, во поголема или помала мера има големо влијание врз изборот на автомобилот што ќе го купиме.

Во едно истражување на американскиот пазар направено е рангирање на топ 10 автомобили кои најмалку губат од својата вредност, пет години по купувањето.

Така на врвот на листата се најде купе изведбата на Porsche 911 чија вредност по петтата година се намалува за 37,2%. На втората позиција е Nissan GT-R со намалување на вредноста од 39,4% додека на третата позиција се наоѓа Subaru Impreza WRX чија вредност по петтата година се намалува за 40,0%.

На четвртата и петтата позиција се наоѓаат уште и Porsche 911 со пад на вредноста од 42,0% и Ford Mustang со 44,4%.

До десеттата позиција се наоѓаат уште и Dodge Challenger (44,4%), Subaru BRZ (45,0%), Chevrolet Camaro (45,8%), Nissan 370Z (46,7%) и Mazda MX-5 (47,2%).

Во просек, вредноста на спортските автомобили по петтата година се намалува за 48%.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK