Пад на продажбата на нови автомобили и во Италија и во Шпанија

ОБЈАВЕНО НА:

Покрај во Германија, пад на продажбата на нови автомобили е забележан и во Италија и во Шпанија. На Апенинскиот Полуостров, продажбата се намали за 19%, а од друга страна, продажбата на плаг-ин хибридните и целосно електричните возила се зголеми за 206%.

Во апсолутни бројки, минатиот месец во Италија се продадени 110.292 нови автомобили, а земајќи ги во предвид бројките од почетокот на годината до крајот на минатиот месец, остварена е продажба од 995.239 нови автомобили што е пораст за 38% во однос на истиот период минатата година.

Очекувано, лидер на овој пазар и натаму останува Stellantis со пазарен удел од 36,2%. Alfa Romeo оствари пад на продажбата од 46%, Opel од 45%, а пад остварија и Peugeot, DS, Lancia, Citroen и Fiat. Единствена свеетла точка за Stellantis беше Maserati чија продажба се зголеми за 23%.

Пад на продажбата е остварена и во Шпанија и тоа од 29%. Така во јули продадени се само 83.900 нови автомобили, објавува ANFAC. На Пиринеите, најпродаван бренд останува Seat со продадени 8.066 автомобили што е пад за 9%. Во најпродаваните брендови се наоѓаат уште VW, Kia, Opel и Skoda.

Во меѓувреме одговорете на нашата анкета

ГЛАСАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО

Дали засилените контроли на полицијата ќе придонесат за подобрена безбедност во сообраќајот

Не
29.03% | 649 од 2236 ГЛАСА
Да се делува повеќе превентивно и едукативно
28.71% | 642 од 2236 ГЛАСА
Треба да има уште поригорозни казни
23.35% | 522 од 2236 ГЛАСА
Да
18.92% | 423 од 2236 ГЛАСА
Следете не и на:

24AUTO NETWORK