Кој ја има колекцијата на колички вредна 1.000.000 долари (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Сите сме вљубени во автомобили, а некои од нас имаат и колекции, не само од вистински автомобили туку и од мали колички кои ја покажуваат страста кон овие лимени другарчиња.

Но, колку колички имате дома, и колку тие вредат? Сигурно илјадници пати помалку, и уште стотина илјади долари поевтини од она што го поседува Американецот Брус Паскал. Тој во својот дом има повеќе од 3.000 колички Hot Wheels, и се надева дека колекцијата ќе ја зголеми во иднина. А вредноста на целата колеција ја надминува бројката од 1.000.000 долари.

Неговиот дом и канцеларија се целосно посветени на количките, каде ги има насекаде, и куќата е специјално дизајнирана за да може да се направат делови каде ќе може истите колички да се изложат.

Во колекцијата има и модели што се уникатни па некои и единствени акко прототипови што никогаш не биле произведени. Еден таков модел вреди повеќе од 100.000 долари, а се работи за розов Volkswagen Beach Bomb Rear-Loader.

Паскал вели дека сака во иднина да отвори музеј посветен на Hot Wheels количките.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK