Париз 2018: Dacia со специјална Very Limited Edition изведба на Sandero

ОБЈАВЕНО НА:

Романскиот бренд кој функционира во рамките на Renault Групацијата, на актуелниот саем во Париз ја претстави специјалата Dacio Sandero Stepway серија именувана како Very Limited Edition. Во рамките на оваа серија Dacia претстави три модели и тоа Blue Night, Evolution и Escape.

Разликата помеѓу оваа серија и обичната изведба на Sandero Stepway е во екстериерниот дизајн кој сега добива дополнителни бои и дополнителни шари што го прави овој мал градски автомобил далеку пофенси.

За екстериерот на овие три изведби во рамките на специјалната серија се погрижи Флора Абрик и Пјер Лансиен кои имаа можност да го дизајнираат екстериерот откако на конкурсот за избор на дизајнер објавен од страна на Dacia овие дизајнери влегоа во финалниот натпревар одржан од 6. до 25. јули. За нивните дизајни се гласаше преку социјалните мрежи, а на гласовите од фановите се придадоа и стручните мислења од страна на дизајнерите на Renault.

Покрај овие автомобили, Dacia на саемот во Париз ја претстави и подновениот Duster, Laureate изведбата на Sandero, седанската и краванската изведба на Logan како и моделите Lodgy и Dokker.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK