SEDRIC – концепт на Volkswagen за автономно возило

ОБЈАВЕНО НА:

Вечерта пред почетокот на саемот во Женева, традиционално Volkswagen има своја вечер каде ги претставува на одбрани гости своите новитети, но и изненадувањата што се подготвени за соодветната манифестација. Годинава за саемот во Женева е подготвен Sedric, концепт на футуристички дизајнирано автономно возило. Тоа е визија за идната индивидуална мобилност, но и она што се очекува во следните декади.

Називот Sedric е акроним од зборовите self-driving car, е ниско поставено возило, а развиено од германскиот производител како дел од стратегијата Together-Strategy 2025 програмата. VW сака од традиционално инженерски водечка компанија да се трансформира со специјализирана за интегрирана мобилност преку ново креирани решенија во мобилната дивизија.

Новиот концепт е направен како одговор да се понуди интуитивна индивидуална мобилност, на универзално корисни возила со едноставно разбирање на нивната контрола. Sedric, исто така истражува како автомобилот ќе постои во една заедничка економија, замисленo да се користи во рамките на платформата за споделување за употреба од страна на повеќе корисници.

Изгледа како кутија оставена на под во која има простор да се сместат четворица, и во кабината се управува преку говор што го контролиран погонот преку електромотор сместен во рамките на задната оска. Моторот може да испорача сила од 134 КС од литиум јонски батерии поставен во рамките на рамниот под и може да се минат со едно полнење околу 300 км.

Поврзување на новиот концепт со неговиот корисник е преку т.н. контролер на мобилноста што е опишан како клуч за иднината, наречена OneButton. Со притискање на едно копче, контролерот го поздравува новиот Volkswagen, прикажувајќи ги времето на пристигнување, како и сигнали со вибрации специјално дизајниран за да ги води и лицата со оштетен вид што би биле во автомобилот.