Од Tesla Model 3 направил санка (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Сопствениците на електричните возила на Tesla во последните неколку месеци се натпреваруваат во обидот да направат подобра верзија на cybertruck – оклопно електрично возило кое во иднината ќе ги преплави улиците ширум светот.

Еден сопственик на Tesla Model 3 направи нешто сосема поинакво за да ги зголеми перформансите на својот автомобил во текот на возењето на снег. Место тркала постави гасеници и од електричниот автомобил направи возило за снег.

Мајкл е еден од најпознатите автоблогери на социјалните мрежи. Со омош на компанијата Mullin Manufacturing успеа да постави гасеници на задната оска на својот автомобил Tesla Model 3.

„Видовте како Тесла лета, но дали сте виделе како оди по снег? Отсекогаш сакав електрични моторни санки“, вели Мајкл.