Нема потреба од волан и педали: Мислите ќе го управуваат автомобилот

ОБЈАВЕНО НА:

Следниот месец на државниот универзитет „Лобачевски“ во Русија ќе биде претставена комплетна макета на првиот автомобил со неурокомпјутерски интерфејс, кој овозможува управување на возилото со помош на мислите.

Електричниот автомобил е наменет пред сè за луѓето со инвалидитет, а цената на возилата во сериско производство се проценува од 8 до 14 илјади евра.

Во моментов во институтот се работи на системот кој ќе овозможи размена на информации меѓу човечкиот мозок и механизмот на автомобилот. Ќе бидат употребени посебни алгоритми, кои ќе ги детектираат импулсите на мозокот на различен модалитет и да ги преведуваат во сигнали кои се разбирливи за автомобилот.

Овој автомобил ќе има електричен мотор со сила од 20 коњски сили со капацитет на батерија за минување од 200 до 600 километри. Според замислата на контрукторот е планирано да биде развиена цела низа на модели на неуро-автомобили како алтернативни превозни средства.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK