Два концепти на брендот Haval, се најавуват производствени модели

ОБЈАВЕНО НА:

Haval ги претстави концептите Haval XY и Haval X Dog на саемот за автомобили во Шангај. Првиот е прототип на флагмански кросовер на брендот, кој неофицијално е претставен во серијата со индекс F9 и претстои негово пуштање до крајот на годината.

Според дефиницијата на компанијата, тоа е првиот модел од висока класа на платформата Lemon со хибриден DHT систем.

Името на концептот XY е поврзано со променливите во математиката. Концептот „постигнува сеопфатен напредок во производството, интелигенцијта, надворешниот изглед и променливата, која ги носи паметните автомобили на следното ниво“, велат од брендот.

Во поетскиот опис на дизајнот и можносите на моделот. Кинеците пишуваат за „лов во време и простор“, „наука и вселенски зраци“ и „далечната галаксија“. Решетката на радијаторот треба да напомнува на патот на ѕвездите во ноќното небо, а фаровите треба да посетуваат на зората, фотографирана од вселената.

Кросоверот користи интелигентен систем Great Wall Motors Coffee со чип Qualcomm 8155 и гласовна интеракција за да ги проучи навиките и потребите на сопственикот. Проиводителот не зборува за техничките карактеристики, но кинеските медиуми соопштуваат дека автомобилот ќе има неколку верзии.

Станува збор за хибрид со 1,5 T турбо мотор и DHT130 „робот“ со вграден електромотор, како и традиционални агрегати заедно со седумстепен „робот“ со двојна спојка 2,0 T и 1,5 GDIT турбо мотори.

X во ова шоу на автомобил односо се однесува на променливите и симболиира „ново бесконечно искуство“. Во овој случај се земени предвид интеракцијата на клиентот, брендот и машината ворамки на „потрошувачкиот екосистем“, комбинацијта од онлајн и офлајн услуги, интелигентен кокпит и друго.

Haval X Dog – зборува за претстојната трансформација на „кучињата“ на Haval во целата понуда од автомобили.

„Млади луѓе, професионална елита, претприемачи –секоја група ќе може да најде свој модел од категоријата ‘кучиња’, што одговара на начинот на живот“, објаснуваат од компанијата.

И за разлика од намерното утилитарно „големо куче“ (Dagou / Big Dog), X Dog треба да прерасне во „модерен артефакт за младите лица“. Програмерте не даваат технички податоци за концептот, иако платформата Lemon не е тешко да се одгатне. Сепак, компанијата уверува, дека во следните три години, на пазарот ќе изведе пет нови „кучиња“.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK