Land Rover Defender од филмот Spectre за Џејмс Бонд на продажба (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Организаторите на аукцијата Silverstone Auctions Live Online, која ќе биде спроведена на 23 мај објавија дека еден од автомобилите кои ќе се нудат за време на аукцијата ќе бид од исклучително значење за сите фавнови на легендарниот Land Rover Defender и серијалот за Џејмс Бонд.

За веме на настанот, за продажба ќе биде достапен еден од десетте доработен возила од специјалистот во оваа област Bowler Motorsport инаку претставник на Defender, кој бил земен за учество во филмот Spectre од 2015 година.

Од Silverstone Auctions велат дека секој од десетте примероци на специјалните Land Rover Defender, кои учествувале во Spectre, е опремен со специјални гуми и суспензија, безбедносни тркала, хидраучична рачна сопирачка и други, а моторот има максимална моќност од 180 коњски сили.

Организаторите на аукцијата информираат дека специјалниот Land Rover Defender од филмот бил развиен во две верзии. Едната е со голема брзина и за снежни сцени а така функционираат седум од десетте возила. Предлогот од нив е под реден број 9. Очекувањата на Silverstone Auctions за цена на автомобилот се меѓу 200.000 и 240.000 фунти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK