SMMT (Society of Motor Manufacturers and Traders) ги објави податоците за продажбата на нови возила во Велика Британија за минатиот месец.
Така во ноември се продадени вкупно 113.781 возила што е пад за 27,4% во споредба со ноември минатата година кога беа продадени 156.621 возило. Во овие бројки, напоменува SMMT се вклучени и бизнис возилата односно товарните возила.
Објавени се податоците и за продажба по брендови, па така во продолжение се прикажани најпродаваните 10 брендови во Велика Британија за минатиот месец.
- Ford 10.569,
- Volkswagen 10.096,
- BMW 9.733,
- Audi 8.519,
- Vauxhall 7.832,
- Mercedes-Benz 7.822,
- Nissan 5.598,
- Toyota 5.071,
- Peugeot 4.614,
- Skoda 4.391