Најпопуларниот германски магазин за автомобилизам, AutoBild го претстави рендерот за можниот изглед на најновиот SUV модел на Alfa Romeo.
Првиот човек на FCA, Мајк Манли и официјално потврди дека италијанскиот производител ќе лансира нов кросовер кој ќе се позиционира под моделот Tonale. Тоа практично значи дека ќе биде најмалиот кросовер во понудата на Alfa Romeo.
Истиот ќе се темели на платформа развиена од страна на PSA Групацијата, а во производство ќе се појави во 2022 година, една година по премиерата на Tonale.
Засега не се знаат многу информации околу овој новитет. Италијанските меидуми претходно соопштија дека овој нов модел би можел да го носи називот Milano.