Одличната продажба на електричните Sоul и Niro придонесе Kia да го ревидира планот за наредните години во поглед на продажбата.
Така минатата година продажбата на електрични возила од брендот на Kia забележа пораст од 75% во Европа продавајќи 6.811 примероци. Трендот на пораст продолжи и во првиот квартал каде пазарниот удел на ниво на брендот изнесува 6%.
Според новиот план, во 2026 година се очекува во Европа секој 5. продаден автомобил на Kia да биде електричен. Во бројки, се очекува околу 500 илјади електрични автомобили Kia да продаде во текот на 2026 година.
За остварување на овој амбициозен план именуван како “Plan S”, Kia до 2026 година ќе лансира 11 електрични возила во различни сегменти.