Саемот во Франкфурт како и сите изминати години така и оваа ќе биде местото каде германските производители ќе ги одмерат силите. Во недостаток на над 25 познати производители, во центарот на вниманието на овој саем ќе бидат Audi, BMW, Mercedes, Volkswagen, Porsche, Opel…
Некои од производителите во пресрет на почетокот на саемот ги открија своите адути, а сега и Audi потврдува дека на овој саем ќе биде премиерно претставен новиот RS 7 Sportback.
Возилото ќе биде опремено со 4.0-литарски V8 cо двa турбoкoмпрecoри и моќност од околу 600 коњски сили. Се зборува дека ќе има и хибридна верзија од 700 коњски сили.
Покрај овој модел на штандот на Audi на овој саем ќе може да се најдат моделите Q7, A4, Q3 Sportback, RS 6 Avant…