И официјално во јуни завршува производството на B-Max и C-Max

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред година и половина се појавија првите шпекулации околу иднината на моделите B-Max и C-Max, американскиот производител Ford сега и конечно потврдува дека во јуни завршува производството на овие два модели.

Оваа одлука доаѓа како дел од глобалната стратегија за реструктуирање која опфаќа намалување на трошоците преку затворање на фабриките, отпуштање на вработените и напуштање на непрофитабилните модели.

Со реализацијата на оваа одлука Ford повеќе нема да има моноволуменски модели во својата понуда и при тоа ќе се насочи на SUV возилата кои ќе бидат главниот адут на производителот на домашниот, американски пазар.

Инаку овие два модели се произведуваат во фабриката во германскиот град Сарлуис, а по крајот на производството во оваа фабрика ќе продолжи производството на моделот Focus.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK