Девојче од 12 години сама реставрираше Тоyota (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Џема Вејд од местото Ајшвиер во Шкотска, денес има 24 години, а со потфатот почнала да се занимава на само 12 години, така што може да се каже дека пола од својот досегашен живот посветила на омилената Toyota 1000 од 1976 година. Тоа е едно од десетте возила кои успеале да преживеат до денес на територијата на Велика Британија.

Семејството на Џема ја купило европската верзија на моделот Publica во 2002 година и штом навршила 12 години, во 2007 година девојчето почнало со реставрирање на возилото кое „најразлични животни од шумата го претвориле во свој дом“.

Од почеток имала помош од својот татко со неговите познавања, но многу брзо Џема почнала да навлегува во материјата и брзо почнала сама да се справува со проблемите.

„Сакам да ги валкам рацете и од мала учествувам во проектите на татко ми. Почнав со чистење на расклопените делови, пакувањето и монтирањето. Потоа расклопив мотор со помош на упатство, а од тоа научив како се одвртуваат и завртуваат завртките“, вели Џема.

Иако е мало возилото се обновува многу тешко поради недостатокот од резервни делови.

Таткото на Џема дел од деловите морал да ги изработува рачно, па задните браници ги земале од Ford Cortina.

Девојчето зема карбуратор од стариот Starlet кој го возела нејзината мајка, а монтирала ауспух од Yaris.

Денес Џема ја вози обновената Toyota секој ден.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK