ВИДЕО: Три часовна презентација на сите автомобили на саемот во Париз

Од 2. октомври до 14. октомври во француската престолнина Париз се одржува овогодинешниот саем за автомобили. Иако претходните месеци беше најавено дека многу производители како FCA Групацијата, Ford, Nissan, Opel и други нема да земат учество на овој саем, а под знак прашалник беше и учеството на BMW, Audi, Volkswagen, Porsche, сепак овој саем е и повеќе од само возбудлив.

По само неколку денови, саемот предизвика голем интерес кај посетители, а автомобилските критичари се импресионирани од поставките на многу производители.

Додека Audi, BMW и Mercedes војуваат на полето на електрични автомобили, Renault, Peugeot и Citroen на домашен терен го претставуваат најдоброто кое е плод на напорната работа последните неколку години. За прв пат европското тло во Париз го осетија неколкуте кинески производители кои во наредните години најавуваат вистинска експанзија на овој пазар.

Што се овие денови е претставено во Париз и со какви се адути излегоа големите производители можете да погледнете на видеото прикажано погоре во кое преку три часовна презентација се прикажани најважните модели претставени на овој саем.