Ги избраа најлошите автомобили за годината

ОБЈАВЕНО НА:

Американското статистичко издание Consumer Reports објави интересно рангирање на најлошите автомобили за 2018 година. Резултатите од проучувањето се на база на многу фактори, а меѓу нив се: веродостојност, технички карактеристики, перформанси и задоволство на сопственикот.

Возилата се поделени во категории, а во секоја од нив е избран по еден автомобил, кој се смета за најлошиот во својот сегмент. Чудно е што во рангирањето има и од омилените американски пикап возила.

Најголемото незадоволство на сопствениците се паѓа на Mercedes-Benz GLA. Аутсајдерот на тестирањата на патот е Mitsubishi Mirage, а за најненадежно возило се смета пикапот Ram 3500.

Како „најлакомо“ возило е определен СУВ возилото Nissan Armada, а тука не е само потрошувачката на гориво, туку и на финансиски средства за ремонт.

Најопасен за управување е Chevrolet Silverado, додека најнеудобен е Ford Fiesta ST.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK