Европската унија одлучи: Сите нови автомобили со автоматско ограничување на брзина! (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Телата на Европската унија сè повеќе заговараат мерки кои би можеле да влијаат на сообраќајната сигурност. Европскиот совет за безбедност при сообраќајаот е непрофитабилно здружение, кое меѓу другите ја финансира Европската унија, а неодамна изнесе предлог дека сите автомобили кои се продаваат на територијата на земјите членки ќе мораат да имаат автоматско ограничување на брзината (Intelligent Speed Assistance).

Овој предлог е веќе поддржан од повеќето застапници во Европскиот парламент и вградувањето на овој систем во сите возила ќе биде задолжително за најмногу три години. Проценката е дека тоа ќе спаси околу 25.000 животи на европските патишта во следните пет години после воведувањето на истиот.

Како функционираат системите кои ја ограничуваат брзината? Многу едноставно. Со помош на податоците од навигација или камера во автомобилот ќе детектираат и ограничување на брзина и возилото автоматски ќе се прилагоди на брзината на движење.

На возачот ќе му биде овозможено со силен притисок на папучата за гас да го исклучи овој состав, но доколку автомобилот подолго време се движи над ограничената брзина, системот ќе испраќа звучни и визуелни предупредувања (на иструмент таблата).

Секој пат кога ќе го изгасите и повторно ќе го запалите автомобилот, составот автоматски ќе се придвижи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK