Започна новата ера за Aston Martin – произведен првиот DBX

ОБЈАВЕНО НА:

Новата ера на Aston Martin и официјално започна. Британскиот производител го прослави производството на првиот кросовер на компанијата, луксузниот DBX.

Овој прв примерок се спушти од производствените ленти во фабриката во Велс, а првите примероци до купувачите ќе бидат испорачани кон крајот на овој месец.

Под хаубата располага со 4.0 литарскиот twin-turbo V8 мотор. Токму овој мотор е стандарден во понудата, а подоцна се очекува истата да биде проширена со V12 мотори и со хибридна изведба.

Претходно, овој модел се тестираше на патеката Нирбургринг која ја помина за помалку од 8 минути. При тоа до стотка забрза за 4,5 секунди додека максималанта брзина која може да ја постигне изнесува 291 км/ч.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK