Toyota патентираше нов спортски модел

ОБЈАВЕНО НА:

Сајтовите од Кина веќе шират фотографии од новата Toyota, која најверојатно ќе се претвори во третиот спортски модел на јапонскиот бренд после GT86 и Supra. Според гласините купето со малку чудни пропорции е наследник на MR2.

Во поддршка на хипотезата дека на патентните илустрации е покажан автомобил со централно поставен мотор, зборува и должината задниот дел и комично кратката муцка. Практично меѓу размерите и дизајнот на двата краја на каросеријата немаат особени разлики.

Главниот конструктор на новата Supra Теcua Таdа уште во 2017 година потврди дека екипата добила зелено светло за изработка на третиот спортски модел. Не е исклучено повеќе детали за автомобилот да бидат откриени во Шангај или во Њујорк.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK