Volkswagen up! само на електричен погон

ОБЈАВЕНО НА:

Одговорните лица во Volkswagen планираат проширување на производството, а во иднина голем дел од работата ќе се насочи кон верзијата e-up! која би требала да биде целосно електрична.
Ова е демант на информациите дека во Volkswagen размислуваат за гасење на моделот up! така што сега се добива проширување со усовршена верзија.
Новиот Volkswagen e-up! би требало да биде вклучен во новото електрично моделско семејство, а истиот би требало да биде конкуренција на Smart.

Досегашните информации велат дека понудата на наследникот на актуелниот up! ќе биде проширена и со нова каросериска верзија, а клиентите ќе имаат можност да бираат дали сакаат возило со 3 или со 5 врати.

Засега нема точна информација на која платформа точно ќе се базира, но веројатно ќе биде збор за некоја комбинација на елементи од новта МЕB платформа развиена за моделите I.D.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK