Во БиХ на сила поригорозни казни во сообраќајот

ОБЈАВЕНО НА:

Од почетокот на февруари 2017 година при патување во БиХ треба да имате на ум дека постојат поригорозни казни за прекршување на сообраќајните правила.
Постојат многу постапки што се предмет на казнување. Сега казните се движат и до 1.000 КМ (500 евра).

Во иднина нема да може граѓаните на БиХ со постојано живеалиште таму да управуваат автомобили со странски таблички.
Предвидено е казна и за пешаците доколку се движат на коловоз и користат мобилен телефон или слушалки во ушите.

Еве дел од новите казни што ќе се применуваат:

– Брзо возење – казна од 50 до 1.000 КМ
– Пијан возач и одвивање алкотест – казна од 400 до 1.000 КМ
– Возење деца без седиште – казна од 400 до 1.000 КМ
– Не користење на сигурносен појас (возач или патник) – казна од 100 до 300 КМ
– Користење н амобилен телефон – казна од 100 до 300 КМ
– Предизвикување на прекумрна бучавост и шкрипење со гуми – казна од 50 до 250 КМ
– Велосипедисти или мотоциклисти без врзана кацига – казна од 50 КМ
– Возење без вклучени кратки светла – казна од 30 КМ
– Пешак кој на коловоз користи мобилен телефон или слушалку во ушите – казна 40 КМ
– Велосипедист или мотоциклис што превезува пијана личност – казна 30 КМ

Следете не и на:

24AUTO NETWORK