Honda ја претстави новата генерација на моделот City

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Honda во рамките на саемот за автомобили во Тајланд ја претстави новата, седма генерација од моделот City. Овој модел Honda за прв пат го воведе во 1981 година, а се продава во Азија и Јужна Америка и тоа под називите Grace, Ballade, Greiz и Gienia.

Новата генерација доаѓа со значително изменет изглед, но и технолошки новитети како што се новиот инфотејнмент систем, ABS, ESP и другите системи за безбедност, а тука се и сензорите, задната камера, новите кожни седишта и подобрената звучна изолација.

Honda City

Новата генерација бележи и зголемување на должината и тоа од 113 мм. Така сега должината изнесува 4.553 мм, широчината 1.748 мм, висината 1.467 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.589 мм.

Во понудата засега е потврдено дека доаѓа со 1.0 литарски бензински агрегат со 121 КС и автоматски менувач.

Honda City

Засега е сигурно дека овој модел ќе продолжи да се произведува во Тајланд, додека сеуште нема потврда дали ќе продолжи да се произведува и во Бразил, Кина, Индија, Јапонија, Малезија, Филипини и Тајван каде се произведува актуелната шеста генерација.

Истовремено, овој модел е и еден од најевтините седани на Honda чија продажна цена е под 17 илјади долари.