Toyota го повлекува моделот Yaris од американскиот пазар

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota донесе одлука да го повлече од продажба однoсно понуда моделот Yaris од американскиот пазар. Оваа вест ја соопшти CarBuzz објавувајќи при тоа интерни документи во кои се наведува одлуката.

Причините за овој потег се огледаат во плановите на Toyota да се посвети на работењето во повисоките сегменти кои носат повеќе пари, но и слабата продажба на овој модел.

Така во 2019 година продадени се само 2.181 примероци од овој модел, додека година претходно само 1.940 примероци. Годинава, во првите четири месеци продадени се 1.970 примероци што е далеку под очекувањата.

Инаку моделот Yaris на американскиот пазар се нуди во две изведби: хечбек и седан. При тоа дизајнот и архитектурата е различа од моделот Yaris кој се продава на европскиот пазар. Така во САД, хечбек и седанската изведба е всушност ребрендирана Mazda 2.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK