Првиот електричен камион на Mercedes годинава стигнува кај клиентите

ОБЈАВЕНО НА:

Лани на саемот во Хановер беше најавен Urban eTruck што е првиот целосно електричен камион произведен од Mercedes. Веќе годинава првите примероци ќе биде испорачани на клиентите.

Имало веќе 20-тина заинтересирани компании што сакаат да го користат за достава, превоз на храна и за логистика. Mercedes го опишува возилото како „прв светски целосно електричен камион“.

Истиот прво ќе се продава во Германија, а потоа ќе се нуди и на купувачите во Европа, а ќе имаат поддршка и од Mercedes Benz Truck тестниот оддел.

Urban eTruck ќе ги превеземе техничките спецификации од концептот, па неговата носивост ќе биде 12,8 тона, а вкупната тежина ќе биде 25 тони. Ќе го напојува батерија со капацитет од 212 kWh, а со едно полнење ќе може да мине 200 км.

Покрај Urban eTruck од Damler Truck доаѓа и веста дека ќе почне производството на Fusi eCanter, мал електричен камион со домет од 100 км, а ќе го напојуваат батерии од 70 kWh.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK