Ма каква криза: Цвета продажбата на супер автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Европа е најголемиот пазар за луксузните автомобили, а Ferrari, Aston Martin и Bentley продолжуваат со добрите продажни резултати и остварување на профити. Се очекува годинава вкупната продажба во овој сегмент во Европа да биде околу 13.000 возила, што би требало да биде зголемување од речиси 30 отсто во однос на 2016.

Бројот на екстремно богати луѓе се зголемува, а сега има двојно повеќе милијардери во однос на 2010 година и тоа секако се одразува на продажбата на овие возила.

Европската продажба на Aston Martin е зголемена за 103 отсто во првите четири месеци од годинава, што може да се припише на доаѓањето на новиот DB11. Тој модел помогна за финансиско заздравување на Aston Martin, и компанијата има конечно позитивни резултати во еден квартал, првпат откако Енди Палмер дојде во компанијата во 2014 година. Компанијата ќе понуди и замена за нивниот најевтин модел, Vintage и тоа во четвртиот квартал. Најавена е и нова V8 верзија на DB11, кабрилетот доаѓа в година, а потоа следува и новиот Vanquish. Во 2019 треба да се појави и DBX кросовер и купе со средишно поставен мотор.

Ривалот на Aston Martin, компанијата Bentley на саемот во Франкфурт ќе го претстави моделот Continental GT купе. Се очекува истиот да биде на Porsche платформата, MSB, и ќе го замени моделот што четири години беше бестселер. Откако дојде Bentayga во 2016, Continental веќе не е најпродаван. Лани Bentley продаде 11.298 возила што е за 6,4 отсто повеќе во однос на претходната сезона, и остварен е приход од 112 милиони евра.

Ferrari е машина за правење пари, и тоа во последните две децении. Заработувачката им е добра и сега, 242 милиони евра пред оданочување и амортизација. Веќе ги нема ниту сопствените ограничувања на продажба на максимално 7.000 автомобили, па Италијаните планираат да продаваат по 9.000 возила до 2019 година. Заклучно со април Ferrari е најдобриот продавач на егзотични возила со продадени 1.223 супер автомобили во Европа, што е пораст од 7 отсто во однос на лани.

Најпродавани егзотични автомобили во Европа во првиот квартал на 2017
Ferrari 488                   622 +16%
Aston Martin DB11        603 нов модел
Audi R8                         602 -8,2%
Bentley Continental GT/GTC 543 -15%
Bentley Flying Spur       313 +44%
Aston Martin V8/V12     265 +6%
Ferrari California           226 -24%
Maserati Quattroporte   204 -13%
Lamborghini Huracan    202 +23%
Aston Martin Vanquish   125 +29%

Следете не и на:

24AUTO NETWORK