Доминација: Секој втор нов модел доаѓа од Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Колку е силна кинеската офанзива во автомобилската индустрија покажува последниот факт: во периодот меѓу јули и септмеври 2023 година се претставени 45 нови автомобили во светот, а половината, 23 се од Кина. Според податоците на Jato Dynamics, тоа е апсолутна доминација на земјата од далечниот исток во оваа индустрија.

За разлика од минатото кога производите од Кина во автомобилската индустрија беа посочувани како неквалитетни, и лоши копии, сега производите не само што се на другиот крај, туку се и многу ценовно конкурентни. Освојувањето на Европа е започнато.

Кинеската автомобилска сила го потврдува својот силен моментум: тие имаат изобилство на производители и брендови и сè поконкурентни модели со глобален потенцијал. Многу од овие нови автомобили наскоро би можеле да стигнат до европските пазари, вклучувајќи го и нашиот, каде што веќе се официјално присутни неколку кинески марки.

Остатокот од новите производи промовирани во овој мал времени период од јули до септмеври дојде од Европа, САД, Кореја и Јапонија. Во истиот период Европејците претставија само 11 нови модели, од кои пет од Германија, три од Велика Британија, два од Франција и еден од Италија. Јапонските производители претставија пет нови модели, корејски четири, а американските само два.

Што се однесува до конкретните производители, најмногу напор вложи корејската групација Hyundai-Kia, која претстави четири нови модели. Тоа се необичната петта генерација на Santa Fe, новата Kia K3, новата Kia EV5 и SUV купето Genesis GV80. Mercedes претстави три нови автомобили: втората генерација AMG GT и новите CLE Coupé и CLE Cabriolet. Другите производители кои исто така лансираа три нови автомобили се од Кина: Geely, FAW и BYD.

По два нови модели беа претставени: Toyota, General Motors, Stellantis, BMW, Volkswagen, Mitsubishi, Changan, BAIC, SGMW, Chery, Great Wall и SAIC и по еден Honda, Renault, Dongfeng, Hiphi и Nio.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK