Премиерата за новиот Peugeot 2008 закажана за есента следната година

ОБЈАВЕНО НА:

По најавата од пред неколку месеци дека PSA Групацијата подготвува нова генерација на кросоверот 2008, следува и официјална потврда дека премиерата на новата 2008 ќе се случи есента следната година.

Новата генерација доаѓа во поголеми димензии, со обновен екстериер, поголема просторност и покомфорна внатрешност. Така, новата 2008 ќе биде подолга за некој сантиметар, а во внатрешноста ќе се наоѓа последната генерација на i-Cocpit со дигитална инструментална плоча.

Во однос на моторизација, новата генерација на 2008 ќе биде опремена со постоечките PureTech мотор, а централно место ќе заземе 1.2 литарскиот мотор достапен од 85 па се до 130 КС. Во понудата ќе има и еден дизелски BlueHDi 1.5 литарски мотор.

За прв пат овој модел во понудата на францускиот производител се појавува во 2013 година, а пред две години е прикажана освежената верзија на овој модел. Во досегашниот период продадени се над 1 милион примероци што говори за големата популарност.

Токму поради популарноста на овој модел во својот сегмент, пред неколку години Peugeot се одлучи за интернационализација на моделот, па така денес покрај во Франција се произведува и во Бразил, Кина, Иран и Малезија.