SKODA ENYAQ iV од 0 до 100 км/ч за 6,2 секунди (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Skoda објави нови фотографии и видео на целосно новото и 100% електрично возило ENYAQ iV, кое е првото од брендот, развиено на специјално создадената за модулна платформа за електромобили MEB на Volkswagen Group.

SKODA ENYAQ iV ќе се нуди во верзии со две и со четири погонски тркала и ќе нуди слободен опсег до 500 километри во зависност од изборот, кој ќе го направат клиентите. Тие ќе можат да изберат меѓу батерии, пет модификации на моќност и систем за брзо полнење при достапна инфраструктура.

Од SKODA коментираат, дека ENYAQ iV, кој ќе се произведува во фабриката на брендот во Млада Болеслав ќе понуди емоционален дизајн, типичен за брендот, типичен внатрешен простор, 13-инчен информациски дисплеј и најсовремен систем за поврзување.

SKODA ENYAQ iV ќе се појави на пазарот со основни димензии: должина 4648 мм, ширина 1877 мм и висина од 1618 мм, а растојанието меѓу оските на електромобилот ќе биде 2765 мм. Товарното одделение ќе понуди употреблив волумен од 585 литри.

Новиот електромобил на SKODA ќе сбиде пуштен во производство кон крајот на оваа година, а лансирањето на пазарот е планирано за почетокот на 2021 година. Во прв момент се предлага пилот специјална серија Founder’s Edition (1895 примероци).

Основната верзија на SKODA ENYAQ iV ќе биде ENYAQ iV 50, со интегриран акумулатор со капацитет од 55 kWh и електромотор во задниот дел на купето со моќност од 150 коњски сили, а автономијата ќе биде до 340 километри. Слободниот опсег се зголемува до 390 километри при избор на модификацијата со 62 kWh батерија. Модификацијата ENYAQ iV 80 (82 kWh батерија), која е со заден погон ветува моќност од 205 коњски сили и до 500 километри со едно полнење.

Истата батерија ќе биде вградена и во двете верзии со погон на четирите тркала: 80X и vRS, кои ветуваат моќности од соодветни 266 и 306 коњски сили, и можност да се помине до 460 километри со едно полнење. Топ верзијата на ENYAQ iV ќе понуди можност за забрзување од 0 до 100 км/ч за 6,2 секунди и максимална брзина на движење од 180 км/ч.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK