Ford најави осум електрификувани автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Иако не е дел од саемот во Франкфурт, најголемиот американски производител Ford објави дека во наредниот план ќе следи вистински бум проследен со осум електрифицирани автомобили.

Во овој план се наоѓа последниот модел, SUV возилото Puma, но тука е и Kuga и Mondeo. Иако нема официјални информации, Ројтерс наведува дека електрична верзија во понудата ќе добие и Fiesta и Focus.

Исто така до 2024 година, во Европа, Ford ќе лансира 15 електричи возила, дел од наведените се од постоечките модели, а дел целосно нови. Тука ќе биде и новиот електричен SUV инспириран од моќниот Mustang.

Повеќе официјални информации се очекуваат на почетокот на следната година кога реструктуирањето во Ford би влегло во завршната фаза.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK