Со новиот Golf доаѓа и најмоќниот GTI на сите времиња

ОБЈАВЕНО НА:

Сите со нетрпение ја очекуваат осмата генерација на Volkswagen Golf што е најавена за 2019 година. И заедно со серискиот модел ќе се понудat веднаш и новите GTI и R верзии. Тие се опишуваат како „најдобри на сите времиња“.

Според пишувањето на Autobild, новите GTI и R верзии ќе бидат промовирани заедно со „обичната“ верзија на Golf. Само што сега GTI ќе биде многу помоќна во однос на тоа што сме навикнати досега.

Така понудата на мотори ќе почне со 2.0I турбо мотор што ќе биде засилен за нови 40 КС и сега ќе има 250 КС. Посилна ќе биде и R верзијата и тоа за нови 45 КС, со што сега спортските модели на Golf ќе бидат рамноправни или и посилни од Ford Focus ST и RS верзиите.

Освен што ќе биде посилен новитe GTI и R верзии ќе бидат полесни и тоа за 35 до 70 кг. Нормално аеродинамиката ќе биде исто така подобрена. Не помалку важна е и внатрешноста која сега ќе добие нов инфо забавен систем, и нов ентериер и материјали.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK