Lamborghini размислува за електрично спортско возило, но дури по 2025

ОБЈАВЕНО НА:

За да остане конкурентен на пазарот и да продолжи да работи добро со што и инвеститорите би биле среќни Lamborghini го промовираше новиот СУВ, Urus.
Италијаните сакаат да го прошират портфолиото и понудата, па во план е и луксузен спортски автомобил со нулта емисија на штетни гасови.

Ова може да добие и дополнителна подршка во амбициите на Volkswagen за промовирање на повеќе од 30 нови електрични возила до 2025 година, и компанијата се обидува да го остави скандалот со мамењето со емисијата на штетни гасови зад себе.

Стефано Доменикали, Главниот извршен директор на Lamborghini го потврди интересот на компанијата за електрификацијата за време на одржување на саемот во Женева.
„Електрификацијата е подрачје од големо интересирање за нас, но не очекувам тоа да се случи во догледно време. Треба да бидеме реални, изјави Доменикали отфрлајќи ја можноста да се понуди електрично спортско возило пред 2025 година.

Lamborghini ја покажа својата идеја за хипер-автомобил преку коцептот Asterion слично како и Ferrari LaFerrari, Porsche 918 Spyder и McLaren P1.
Наречен по Минотаур од грчката митологија, егзотичната машина дебитираше на саемот во Париз во 2014 година и беше комбинација на три електрични моторои со 5,2 литарски V10 мотор, што може да испорача вкупно 898 КС.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK