Продажбата на Skoda скокна за 10% во октомври

ОБЈАВЕНО НА:

Најновите бројки од продажбата во октомври за Skoda Auto велат дека оваа компанија има пораз од речиси десет проценти што е дури 107.400 автомобили. Најголемото зголемување е забележано во Европа (11,3%) и во Индија (7,7%) додека гледано по земји најголем пораст има во Русија (23,8%).

Од компанијата очекуваат да има уште поголем пораст на бројките од продажбата при целото продирање на пазарот на новиот Karoq. Покрај тоа голем принос во овој успех на Skoda има и големиот SUV-KODIAQ, кој се појави на пазарот во февруари, а досега се продадени 74.100 автомобили.

Најголем број на купувачи на возилата на Skoda се забележани во Западна Европа, каде што се продадени 38.300 нови автомобили што е за осум проценти повеќе во однос на октомври во 2016 година. Во Германија има подобрување за 10,7 проецнти (14.700 автомобили), Франција 18 проценти, Италија 26,1 и Австрија 14 проценти.

Во Централна Европа, Skoda има забележано пораст од 15 посто или 18.200 возила, додека во Источна Европа бројките се зголемени за 11,7 посто (3.700 автомобили).
ОCTAVIA е најпродаваниот модел на Skoda во октомври со 37.100 продадени автомобили, а после тоа следуваат: RAPID (18 300), FABIA (17 000), SUPERB (12 800), KODIAQ (12 500), YETI (5100), CITIGO (3200) и KAROQ (1400).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK