Американците порачуваат: Направете Porsche Panamera со пет седишта

ОБЈАВЕНО НА:

До крајот на 2017 најмалку четири верзии на Porsche Panamera Sport Turismo ќе бидат во понудата во САД, но локалните дилери се уште бараат компанијата да направи седан со пет седишта. Сметаат дека тоа добро ќе се продава, бидејќи имаат директен контакт со потенцијалните купувачи.

Sport Turismo е првиот модел на Panamera што нуди пет седишта, и покрај зголемената внатрешна кабина, каросеријата која личи на караван не е многу популарна во САД во споредба со седан моделите.

Зборувајќи за Automotive News на саемот во Њујорк, оперативниот шеф на Porsche за Северна Америка, Џое Лоренс изјавил дека прифаќањето на последната генерација на Panamera е добра, иако некои од дилерите се уште бараат да има покомфорен седан.

Наместо понуда на седан со пет седишта, германскиот производител реши да го продолжи тунелот од менувачот до средината на кабината. Иако ова ќе овозможи повеќе пространост за задните седишта, се уште ќе биде само за четири лица.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK