Новиот Jaguar со мотор од BMW?

ОБЈАВЕНО НА:

На почетокот на летово Jaguar Land Rover (JLR) и BMW соопштија дека во наредниот период заедно ќе соработуваат на развојот на новата генерација на технологија за електрични и plug-in хибридни возила. Сепак се чини дека оваа соработка ќе биде значително проширена.

Како што пренесуваат германскит емедиуми, новиот Jaguar F-Type најверојатно ќе користи мотор од BMW.

Новиот F-Type би требало да добие V8 бензински мотор односно 4.4 литарски twin-turbo мотор. Овој мотор во моментов се користи кај BMW M8 па за очекување тој да ја има истата коњажа од 600 КС.

Што се однесува до самиот модел тој за прв пат во понудата на Jaguar беш воведен во 2013 од кога датира и првата, актуелна генерација. Новата генерација се очекува да се појави следната година кога би започнало производството и продажбата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK