Пред извесно време пишувавме за плановите на Jaguar Land Rover да го направи најголемото ребрендирање во историјата на брендот со тоа што нема да постои само брендот Land Rover и ќе се подели на три одделни под-брендови.
Сега тоа стана реалност и компанијата Jaguar Land Rover веќе оди во минатото, отстапувајќи го местото на новата автомобилска групација со името JLR.
Под капата на новата компанија веќе има четири марки – Range Rover, Defender, Discovery и Jaguar. Секој од новите модели на овие брендови ќе носи свое лого, како што беше досега, а веќе поранешните модели на Land Rover ќе продолжат да ја користат познатата елипса, како симбол на минатото на брендот.
„Клучен момент во нашата стратегија Reimagine е создавањето на House of Brands, што е природна еволуција за подигнување и зајакнување на уникатноста на нашите препознатливи британски брендови“, рече професорот Гери Мекговерн, главен креативен директор на JLR.
„Нашата крајна амбиција е да изградиме навистина емотивно привлечни искуства за нашите клиенти кои, со текот на времето, ќе изградат долгорочен висок капитал за нашите брендови и долгорочна одржливост за JLR.
Промената е дел од стратегијата на JLR од повеќе од 15 милијарди евра, која исто така ќе донесе промени во погоните на компанијата кои ќе бидат насочени и ќе се прилагодат на електричната иднина.

Следете не и на:

