Рутинска контрола, но: Му ја одзеле возачката до 2045 година

ОБЈАВЕНО НА:

Возењето во пијана состојба е сериозен сообраќаен и пред сѐ безбедносен прекршок и таквите возачи со право добиваат големи казни. Но, овој возач поради сето она што досега го има направено, и откако повторно бил фатен во алкохолизирана состојба добил казна кој меѓу другото предвидува и одземање на сообраќајната дозвола до 2045 година!

Се работи за 34-годишен жител на Краснојарск, Русија што бил осуден на 2 години принудна работа во поправниот затвор во Сибир и плус одземање на возачка дозвола за период од 378 месеци. Возачот бил запрен за рутинска инспекција, и кога неговото весело расположение оставило впечаток врз нив, полицијата го нашле пијан.

Против обожавателот на чашката веќе со години биле водени неколку административни и кривичните дела за управување на возило под употреба на алкохол. Сепак, тој продолжи да пие и да вози.

Но, неговото последно “херојство”, очигледно ја пролеало чашата. Освен што ќе ги помине следните две години во Сибир, мажот ќе добие назад возачката најрано за 27 години или дури во 2045.

Па повторно нека вози пијан!

Следете не и на:

24AUTO NETWORK