Италијаните сакаат фудбал: Ништо од протестот во Fiat против Кристијано Роналдо

ОБЈАВЕНО НА:

Најавениот штрајк кој во петокот беше најавен по доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус доживеа дебакл. На штрајкот во Торино се појавиле само петорица вработени што претставуваат само 0.3% во однос на вкупниот број на вработени во фабриката во овој италијански град.

“Стапката на учество од 0.3% покажа дека штрајкот во изминатиот период беше промовиран од страна на групи кои не ја претставуваат работната сила” изјави портпаролот на FCA кој додаде дека акциите преземени од непознати субјекти изминатиот период имало за цел да го наруши угледот на FCA како и фудбалскиот клуб Јувентус.

FCA ќе добие голема маркетиншка поддршка со доаѓањето на Роналдо во Торино

Главната причина за повиците за штрајк беше многуте пари потрошени од страна на Јувентус за купување на ѕвездата Кристијано Роналдо. Токму поради фактот што мнозински сопственик на Јувентус и FCA е компанијата Exxor која пак е во сопственост на семејството Ањели, се појавија повици за штрајк поради како што велат “Во FCA се штеди на вработените, а за еден човек се трошат над 100 милиони евра”.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK