Првиот официјален автомобил на Барселона е… (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Seat објавија информација дека првиот автомобил во историјата на новиот бренд – Cupra, целосно самостојно развиен, луксузен спортски СУВ Formentor, ќе ја извршува улогата на првиот официјален автомобил во историјата на Барселона.

Предвремените нарачки за CUPRA Formentor за купување почнуваат да се примаат од утре, а ќе се произведува во фабриката на Seat во Марторел, додека првите претставници на автомобилот ќе бидат од специјалната пилот серија.

Секој еден од моделот ќе биде опремен со дволитарски TSI турбогрегат со максимална моќност од 310 коњски сили и максимален вртежен момент од 400 Нм.

Надворешноста на автомобилот ќе биде изработена во боја Petrol Blue Matt и ќе биде ставен акцент на множество апликации, а во таа бројка и решени во истата боја со 19-инчни алуминиумски бандажи.

Првите претставници на пилот серијата на Cupra Formentor ќе бидат доставени на сопствениците во текот на есента.

Од следната година во модификациското портфолио на моделот ќе биде додадена и plug-in хибридната верзија со максимална моќност од 254 коњски сили и можност за изминување на околу 50 километри во чисто електричен режин.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK