Porsche не се откажува од дизел моторите

ОБЈАВЕНО НА:

Porsche вложува милијарди евра во „електрифицираната иднина“ на своите модели, но притоа не сака да ги запостави своите бензинци, ниту дизел моторите.

Претседателот на оваа компанија, Оливер Блум изјави дека тие се посветени на одржувањето на моторите со внатрешно согорување со оглед на тоа дека според неговото мислење овие погонски агрегати ќе бидат интегрален дел од автомобилската индустрија и во следните десетина години. Покрај тоа во Porsche сметаат и дека дизел моторите се далеку од тоа да бидат укинати.

На прашањето дали одлуката за откажувањето на оваа компанија од дизел моторите ќе биде донесена брзо, Блум вели дека за тоа нема причина во моментов.

„Porsche не развива, ниту произведува сопствени дизел мотори и не размислуваме во тој поглед нешто да менуваме во иднина. Во исто време не постои причина Porsche изненадувачки да ги исфрли дизел моторите од своите модели“, вели Блум.

Една од причините зошто германскиот производител, како и многу други компаниии не сака лесно да се откаже од дизел моторите, лежи во тоа што тие емитуваат помалку јаглерод-диоксид во атмосферата од моќни бензинци на Porsche.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK