Во оваа скопска општина лани се регистрирани најмногу возила

ОБЈАВЕНО НА:

Во Македонија има над 400.000 возила што се возат на патиштата со македонски регистерски таблички. Најголем дел од возилата се наоѓаат на територијата на Скопје. А токму во Скопје постои и општина каде има најмногу регистрирани возила.

Општина Центар е општината во Скопје со најмногу регистрирани возила минатата календарска година. Како што покажуваат официјалните податоци објавени од Државниот Завод за статистика, во оваа општина минатата година се регистрирани 29.158 возила.

Најголем дел од овие возила се патнички автомобили и тоа 23.415 возила, 192 се автобуси, 3.831 е товарни возила додека пак останатите се влечни возила, трактори, работни возила и приклучни возила.

По оваа општина, следи Аеродром со 22.876 регистрирани возила, додека пак на третата позиција со 21.324 е општина Карпош. Најмалку регистрирани возила има во Шуто Оризари и тоа само 2.568 возила.

Инаку на ниво на градот Скопје, минатата година се регистрирани вкупно 175.588 возила што претставува благ пораст во споредба со претходната, 2017 година кога на територијата на скопските општини се регистрирани 169.190 возила.