Калашников со камион за растерување демонстранти

ОБЈАВЕНО НА:

Името Калашников е светски познат поради познатата пушка. Но руската компанија освен што произведува оружје неодамна покажа и електричен мотоцикл наменет за полицијата. На неодамнешниот собир „Армија 2017“ покажа и камион наменет повторно за полицијата, но за растерување на демонстранти.

Најновиот производ на компанијата, прикажан на неодамнешната изложба на воена опрема, не е толку технолошки комплексен, но дефинитивно импресионира. Тоа е механички ѕид кој го носи возило чија задача е “одбутне” демонстрантите од улиците. Тоа изгледа како поголема врата од гаража, која се протега пред возилото за “антитерористички” операции, што носи повеќе водени топови.

Има многу места за оставање на оружје и пиштоли со цел да се пука кон демонстрантите со гас или солзавци.
Калашников не е прв во светот со таква идеја и објект. Пред една година, словачката компанија Bozena претстави нешто слично наречено Bozena Riot, обезбедувајќи покривање за дваесетина полицајци зад својот мобилен ѕид.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK