Наместо на Балкан: Passat можеби ќе се произведува во Словачка

ОБЈАВЕНО НА:

Надзорниот одбор на Volkswagen наскоро би можел да ја потврди како конечна одлуката за производство на моделот Passat во фабриката на Групацијата во Словачка.

Според стратешкиот план, новиот Passat требаше да се произведува во новата фабрика што Volkswagen Групацијата ќе ја гради на Балканот, поточно Турција, но поради интервенцијата на Ердоган во Сирија, а под притисок на повеќе субјекти, Volkswagen ја повлече одлуката за изградба на фабриката.

Поради тоа, а со цел да се ослободат производствени капацитети во Германија за електричните автомобили, Volkswagen сега планира производството на моделот Passat да го префрли во Словачка.

Во оваа фабрика во близина на Братислава веќе се произведуваат неколку модели и тоа Volkswagen Touareg, Audia Q7, Volkswagen Up, Seat Mii и Skoda Citigo, а со отпочнувањето на производството на Passat, капацитетот на оваа фабрика во целост ќе се искористи и покрај воведувањето на трета смена.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK