И официјално претставена Lotus Emira

ОБЈАВЕНО НА:

Британскиот производител Lotus уште во април го најави доаѓањето на новиот модел Emira. Сега, по неколку тизери, овој производител кој е во мнозинска сопственост на Zhejiang Geely Holding Group Co, и официјално го претстави овој модел.

Овој автомобил кој беше развиван под кодното име Type 131, а чие име е Emira што може да се преведе како “водич” и “командант” во понудата доаѓа како замена за Elise, Exige и Evora.

Emira има целосно нова алуминиумска шасија, па оттука и основната тежина од 1.405 кг. Во споредба со Evora, е за 20 mm поголема должина и меѓуоскино растојание од 2.575 мм.

Во понудата доаѓа со два мотори. Послабиот 2,0 литарски AMB M139 turbo I4 мотор позајмен од германскиот производител AMG. Овој мотор продуцира максимални 360 КС и до стотка забрзува за 4,5 секунди, а доаѓа и со седум степен менувач. Во понудата место има и за 3,5 литарскиот 2GR-FE турбо V6 мотор, развиен од Toyota. овој мотор доаѓа со 400 КС заедно со шест степен мануелен или шест степен автоматски менувач. Со овој мотор, Emira може да постигне максимална брзина од 290 км/ч.

Овој автомобил е технолошки најнапреден во споредба со останатите автомобили на Lotus. Во внатрешноста чиј дизајн е дело на Расел Кар, доаѓа со 10,25 инчен екран осетлив на допир, а друга е и дигиталната инструментална табла, спортскиот управувач, електронското подесување на седиштата и многу друго. Секако, не недостасуваат ниту останатите напредни системи каако ааптивнинот темпомат, автоматското сопирање, системот за предупредување при напуштање на сообраќајните ленти итн.

Официјално цената не е позната, но британските медиуми наведуваат дека почетната цена ќе почнува од околу 60.000 британски фунти. Стартот на производството ќе биде означен следната пролет во фабриката во Хетел, а на производството на овој супер автомобил ќе работат 250 работници.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK