Нов рендер за Alfa Romeo MiTo

ОБЈАВЕНО НА:

На интернет се појави нов рендер за Alfa Romeo MiTo чие производство згасна во 2018 година. Се работи за неофицијален рендер изработен од независен дизајнер кој ја следи дизајнерската филозофија која е применета кај концептот Tonale.

Stellantis се’ уште го нема потврдено враќањето на овој модел, но секако тоа не е пречка да се појават бројни рендери. Ова особено важи претходните неколку месеци кога во италијанските магазини за автомобилизам се појавија шпекулации за враќање на овој модел.

При тоа, овој автомобил од Б класата би се темелел на EMP1 платформата која во моментов ја користат бројни автомобили меѓу кои Peugeot 208, Peugeot 2008, Opel Corsa, Opel Mokka, DS DS3, Citroen C4, Aeolus Yixuan…

Што се однесува до MiTo, за потсетување, називот на овој автомобил доаѓа од најголемите градови во Северна Италија, Милано и Торино. Во понудата на италијанскиот бренд е воведен во 2008 година, а цели десет години се произведуваше во Торино.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK