„Мртва трка“ за најдоверлив бренд: Lexus и Porsche го делат врвот

ОБЈАВЕНО НА:

Секоја година се објавува листа на најдоверливи брендови на американскиот пазар како показател за задоволството на сопствениците кои имаат автомобили постари од три години. Тие се анкетирани во однос на многу фактори по што се прави и листата на модели што најмногу ги задоволуваат потребите на сопствениците.

Ова го прави организацијата J.D. Power које многу позната во однос на ова истражување што трае веќе 28 години. J.D. Power ги евидентира проблемите што се појавуваат на 100 возила и потоа ги рангира. Се евидентираат проблемите што се јавуваат на моторот, менувачот, надворешноста, мултимедијален систем, комуникациите, контролите, екранот, вентилацијата, клима уредот, седиштата…

За последното рангирање биле користени искуствата од 35.186 возила и вкупно 224 модели. Годинава индустрискиот просек е зголемен за 4, а како објаснување за тоа е се поголемата употреба на Инфо-забавни системи и нивните компоненти па сѐ почесто доаѓа до проблеми со техниката.

Најголемиот број на откажувања и пријавени проблеми се откажување на акумулатор, автоматската трансмисија, зголемено ниво на бучава, систем за препознавање на гласот, навигација..

Од резултатите било дојдено до податок дека Lexus и Porsche имале само 110 проблеми на 100 возила, додека Toyota била трета со 123. Инаку индустрискиот просек е 156 недостатоци на 100 возила, додека Fiat завршил на последното место со дури 298 проблеми.

Награди биле доделени и посебно за моделите во различни сегменти. Chevrolet Sonic (најдобар мал автомобил), Toyota Prius (најдобра компакт), Volkswagen Tiguan (најдобар мал СУВ), Toyota FJ Cruiser (најдобра компактен СУВ), Lexus ES (најдобра премиум компакт) и Toyota Camry (најдобар автомобил од средна големина). Во вкупно 18 сегменти, Toyota и нејзиниот луксузен бренд Lexus имал епрви места во дури 10 категории.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK