Неправедно ги казнувале, па градот ќе им ги врати парите

ОБЈАВЕНО НА:

Возачите коишто добиле казна во периодот од 27 февруари до 15 декември во 2017 година ќе ги добијат парите назад, доколку биле неправедно казнети од страна на полицијата. Оваа одлука е донесена од страна на челниците на градот Келн, кој ќе треба да врати сума од 1,3 милиои евра, а станува збор за 28.000 случаи. Кога ќе се обработат уште 10.000 случаи оваа сума може да стане и далеку поголема.

Причината за враќањето на парите е недостасувањето на сообраќаен знак или пак не бил поставен на предвиденото место каде при нормални услови дозволено е да се вози до 80 километри на час. Место знак властите имаат поставено камера која покажува поголема брзина од дозволеното штом се надмине 60 километри на час.

Токму поради ова десетици илјади возачи биле неправилно казнети, па сега градот одлучи да ги врати парите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK