Hertz пред банкротирање – се заканува колапс на многу компании

ОБЈАВЕНО НА:

Една од најголемите, а воедно и најстарите компании за изнајмување на возила, Hertz е на чекор до банкрот откако кризата со коронавирусот во целост ги погоди приходите овој период.

Вонредната состојба во одредени сојузни држави во САД како и во Европа и останатите пазари каде оперира значително го погоди секторот на изнајмување на возила.

Приходите на нула, а од друга страна непромената на фиксните трошоци во целост ја уништи профитабилноста и економската издржливоста на активностите на оваа компанија. Оттука, раководството на Hertz предводено од Кетрин Маринело активно е во преговори со потенцијалните кредитори на берзата во Њујорк, а очекува значителна помош и од владата на САД.

Она што во моментов се обидуваат од компанијата да го направт е да се договорат и со банките. Планот е да се добие поволен кредит со што ќе се заложат возилата кои ги поседуваат.

Покрај Hertz во големи финансиски проблеми се и Europcar, Enterprise, Avis, Citer, Sixt и останатите компании кои изнајмуваат возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK