Mercedes-Benz со рекордна продажба во септември

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Mercedes-Benz објави дека е постигнат рекорд по продажба и ова е историски резултат со оглед на тоа што се продадени 223.838 автомобили во текот на септември. Ова е за 10,4% повеќе во споредба со истиот месец минатата година.

Со пад од 32,8% во продажбите на smart, вкупниот дел на делот на Mercedes-Benz Cars од гигантот Daimler е на ниво од 231.124 единици (+8.2%).

Во септември, Mercedes-Benz направи подобрување на продажбите на сите главни пазари, а притоа порастот е 8,2%. Се работи за 99.092 автомобили во Европа, 12.9% односно 61.664 возила во Кина и 4,8% или вкупно 27.433 автомобили во САД.

После првите девет месеци од годината брендот Mercedes-Benz забележа објави продажба на 1.725.243 свои автомобили, што претставува подобрување од 0,6% во споредба со истиот период во 2018 година. Smart има пад од 8,9% односно 87.776 автомобили, а вкупшниот резултат е на ниво од 1.813.019 возила (+0.1%).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK